Студентите никкао да ги добија подобрите услови кои им беа ветувани. Наместо да се подобруваат условите тие се влошуваат. Покрај кратењето на пари наменети за реконструкција и изградба на студентски домови, владата на СДСМ крати и од храната наменета за студентите.
Студентскиот оброк кој го има во студентските домови е минимален и мизерен, студентите едвај преживуваат. И покрај тоа што плаќаат пари и за исхрана, сега се приморани од свој џеб да даваат дополнителни пари за да можат нормално да се нахранат. Тие по студентските групи на социјалните мрежи постојано се жалат дека животот кој им беше ветен дојде, но за персоналот наместо за студентите.
Оброкот за персоналот изгледа како вистинска гозба во споредба со оброкот наменет за студентите кој е составен од по едно парче, леб, салама и сирење. Студентите викаат дека другите денови кога денови добиваат само супа и едно парче леб.
„Што јадиме ние а што јадат дамите од мензата… (пицички со кашкавал, салама и печурки… плус кисело млеко и бананки што би требало за ужина да ни следат…) ЖАЛНО НО ВИСТИНИТО“, стои во еден од постовите на револтиран студент од студентскиот Стив Наумов.
СДСМ уште на почеток на учебната година реши да им го скрати оброкот на студентите сместени во студентските домови. Подоцна под притисок на јавноста студентскиот оброк беше вратен, но студентите се жалат дека со храната која ја добиваат едвај преживуваат и таа воопшто не личи како нормален оброк за возрасен човек.
Студентите се жалат дека наместо подобри услови, добија беда и мизерија. Тие реагираат и бараат надлежните да испитаат дали персоналот од студентските мензи ја крие храната наменета за студенти.