Средбата на посредникот од Обединетите нации во преговорите за името, Метју Нимиц, со преговарачите од Македонија и Грција е закажана за 11-ти и 12-ти декември во Брисел.
Информацијата даоѓа откако оваа прва средба на преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис најавена првично за 20-ти и 21-ви ноември беше одложена. Таа, исто така, вообичаено се одржуваше во Њујорк, во седиштетот на светската организација. Ова, сепак, не е првпат преговорите за името да се водат надвор од Њујорк, од седиштето на ОН, но Нимиц со преговарачите од двете страни веќе се среќавал и во Женева, којашто исто така во свестката дипломатија се смета за „неутрален терен“, но никогаш во престолнината на ЕУ, чијашто членка е една од страните вклучени во спорот.
Средбата којашто ја најави премиерот Зоран Заев при посетата на Љубљана, според македонската страна, како што изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, од технички причини кои не беа објавени.
Неофицијално, беше брифирано дека грчката страна побарала одлагање, но и дека Нимиц ќе почека да мине посетата на еврокомесарот за приширување и соседска политика Јоханес Хан на Македонија следната седмица, па дури потоа ќе разговара со преговарачите.
Во грчките медиуми пред најавената средба со преовладуваат уверувањата на Атина дека владата во Скопје е подготвена решително и конечно да влезе во процес на затворање на отворените прашања со соседите. По прашањето за решавање на спорот за името, како „пресвртница“ се смета следниот самит на НАТО, кој ќе се одржи во јули 2018 година, што според најавите во грчки извори од седиштетот на Алијансата во Брисел од оваа пролет, се смета за рок за постигнување компромисно решение меѓу двете земји.
За да се успее во тоа, повикувајќи се на дипломатски извори, грчките медиуми повторно седмицава најавуваат набиен календар на активности од крајот на 2017 до пролетта 2018 година, односно пред Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Притоа, потсетуваат и на изјавата на Коѕиас дека ако се постигне решение, ќе бидат потребни уште три до четири месеци за бирократски процедури во ОН, со што процесот би требало да заврши до крајот на 2018, пред да започне изборната 2019 година во двете земји.