Пешаци тешко повредени во сообраќајка во Скопје

Маж е во животозагрозувачка состојба а жена е тешко повредена откако скопјанец во саботата попладнето ги покосол со својот автомобил во Скопје.

Несреќата се случила во 17,50 часот на улицата „Никола Карев“ кога автомоблилот „сеад толедо“ со скопски регистарски ознаки управувано од 31-годишниот скопјанец Д.Ц. Скопје, удрило во пешаците 65-годишната С.К. и 67-годишниот Б.К. и двајцата од Скопје.

Жената со возило на брза помош е пренесена во Градска оппшта болница „Света Наум Охридски“, каде биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е задржана на натамошно лекување.

Мажот, пак, со возило на брза помош бил пренесен во Ургентниот центар Скопје, каде што, исто така, му се констатирани тешки телесни повреди и загрозен му е животот и е задржан на лекување во КАРИЛ.