Прва гостинска победа на Далас по осум порази во низа

Кошаркарите на Далас Маверикс ноќта кон четвртокот на гостински терен во неизвесен меч ги совладаа Индијана Пејсер со 98:94, остварувајќи го првиот гостински триумф по осумте порази во серија.

Натпреварот беше решен во последните секунди, а Индијана имаше напад за продолжувања, но не успеа да изедначи.

Домашните на отворањето од последната четвртина со „тројката“ на Бојан Богдановиќ поведоа со седум разлика (81:74). Меѓутоа Далас направи пресврт и три минути пред крајот поведе со 91:90, а минута подоцна имаше и плус 4 (94:90). Пејсерс изедначија на 94:94 и во последните 50 секунди се влезе во егал.

Со погодоците на Харисон Барнес – еден, и на Денис Смит Џуниор – два, гостите на 25 екунди пред крајот стасаа до предноста од 97:94, а Дарен Колинс имаше можност со „тројка“ да избори продолжувања, но промаши. Ова беше вториот последователен пораз на Пејсерс, а прва гостинска победа на Маверикс по осумте пораси во низа.

Далас го предводеа шест играчи со двоцифрен број поени. Дирк Новицки постигна 15 поени со 7 скокови, додека Харисон Барнес и Јоги Ферел додадоа по 13 кошови. Кај Индијана најефикасни беа Мајлс Тарнер, Ленс Стефенсон и Дарен Колинс со по 16 поени.

Актуелниот шамион на НБА лигата, Голден Стејт Вориорс, рутински стасаа до победата над Јута Џез со 126:101. Како клучна се покажа третата четвртина којашто Вориорс ја добија со 42:22 и потоа мирно го приведоа мечот кон крајот.

Кевин Дјурент го предводеше победничкиот тим со 21 кош, 6 скокови, 4 асистенции и 3 блокади. Патрик Меккав додаде 18, а Клеј Томпсон и Ник Јанг по 15 кошови. Во редовите на Јута Џез најефикасен беше Родни Худ со 26 кошови.

Винс Картер потсети на своите најдобри денови предводејќи ги Сакраменто Кингс до изненадувањето на вечерта против Кливленд Кавалирс и победата од 109:95. „Ер Канада“ ги продводеше стрелците со 24 кошови и 5 скокови. Вили Кулег-Стејн додаде 17 поени. Кај Кавалирс, Кевин Лав постигна 23 кошови, додека Леброн Џејмс го забележа седмиот „тропл-дабл“ со 16 кошови, 14 асистенции и 10 скокови.

Во најефикасниот дуел изминатата ноќ Минесота Тимбервулфс ги совладаа Денвер Нагетс по продолжувањата со 128:125. Џими Батлер брилјираше во редовите на Менесота со 39 поени, додека Вил Бартон за Нагетс постигна 28 кошови.

Њу Орлеан Пеликанс беа убедливи против Бруклин Нагетс со 128:113. Ентони Дејвис постигна 33 кошови и додаде 11 скокови, додека Демаркус Кузинс додаде 27 поени и 14 скокови. Кај поразените најефикасен беше Вил Барбот со 28 поени.

Меѓутоа мечот мина во знакот на одличниот плејмејкер на Пеликанс, Раџон Рондон кој подели неверојатни 25 асистении. Така стана првиот кошаркар по легендарниот Џејсон Кид од 1996 година, кој го има истиот број асистенции на еден натпревар.