На аеродромот во Атина денеска беше уапсен 25-годишен Бразилец од страна на грчките власти откако во неговиот стомак бил пронајден еден килограм кокаин, објавија медиумите.
Тој бил задржан за проверка откако слетал со авион од Рио де Жанеиро преку Цирих. Во неговиот стомак со рентген биле откриени 84 мали пакетчиња со вкупна тежина од 1,1 килограм.
Полицијата од мажот запленила и 400 евра и два мобилни телефони.