Официјалните државни страници на општините каде албанското население е мнозинство ниту го почитуваат Рамковниот договор, а уште помалку Законот за јазиците.
Според Рамковниот договор, во општините во кои малцинството го надминува прагот од 25 проценти, покрај официјалниот јазик на државата законски е дозволено и користење на јазикот на малцинството на локално ниво. Законот за двојазичност дополнително ги прошири привилегиите за користење на албанскиот јазик на целата територија.
Овие законските одредби важат и за официјалните веб страници на општините, но во мнозински албанските општини не се почитуваат. Па така имињата на веб страниците со кои се внесуваат на веб пребарувачите на Кичево, Гостивар и Арачиново, Дебар се на албански.
На пример за да ја отворите веб страницата на Кичево треба да внесете www.kercova.gov.mk, за Гостивар www.gostivari.gov.mk/web/index.php/mk, Дебар http://www.dibra.gov.mk/ и Арачиново www.haracina.gov.mk . Дополнително иако страниците треба да се преведени и на македонски тоа не е практика.
На страницата на општина Арачиново најчесто нема никаков превод, а пак на страницата на општина Кичево официјален конкурс е напишан само на англиски јазик. Превод делумно има и на некои постови на општина Дебар.
Прашањето останува дали надлежните институции и инспекторати ќе ги казнат мнозински албанските општини за непочитувањето на законот за двојазичност и основата на Тиранската платформа која самите ја потпишаа.