-1.2 C
Skopje
недела, ноември 24, 2024

Ристовски: Не сме Данци, Швеѓани или Германци, но ние сме полуди од сите нив заедно

Голманот на Македонија, Борко Ристовски најави максимална борба и на следните три натпревари на Европското првенство што „црвено-жолтите“ ќе ги играат во Вараждин.

– Ќе се бориме на секој натпревар како со Германија. Ние не сме Данци, Швеѓани или Германци, но ние сме полуди од сите нив заедно. Жал ми е што си одиме од Загреб затоа што ми е втор омилен град во кој доаѓам и приватно. Се надевам дека повторно ќе дојдеме тука во завршницата на ЕП, изјави Ристовски.

Македонија во новоформираната група од првата фаза пренесува три бода и од првата стартна позиција ја почнува трката кон полуфиналето. Во Вараждин македонските ракометари ќе играат со Шпанија, Данска и со Чешка.

Македонската репрезентација претпладнево ќе замине за Вараждин и ќе има три дена одмор до недела кога ќе се сретне со Шпанија.