Палестинските канцелари и училиштата се затворени во вторникот во знак на протест против посетата на американскиот потпретседател Мајк Пенс кој би требало да ги посети светите места во Ерусалим и меморијалниот центар на холокаустот.
Обединетиот фронт на сите палестински групации повика на штрајк на Западниот брег (од реката Јордан) и во источен Ерусалим, како одговор на посетата на американскиот потпретседател Мајк Пенс кој потврди со вчерашната изјава дека Ерусалим е главен град на Израел, одлука којашто претседателот Доналд Трамп ја донесе на 6-ти декември и силно ги разлути Палестинците.
Палестинските училишта се затворeни на Западниот брег и во источен Ерусалим каде што не работат ниту дуќаните, додека канцелариите во другата палестинска енклава Појасот Газа останаа отворени.
Пенс во текот на денот треба да се сретне со израелскиот претседател Руевен Ривлин, да го посети Јад Вашем и Ѕидот на плачот во источен Ерусалим, најсветото место за Евреите.
Пенс во понеделникот во текот на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају изави дека му претставува чест што престојува во „главниот град на Израел“, со што повторно ги разгневи Палестинците кои поради таквата одлука на Вашингтон уште пред минатиот месец одбија да се сретнат во текот на неговата најавен па потоа за кусо одложена посета на регионот.
Палестинците законот на Конгрест од 1995 година, кој избегнуваа да го ефектуираат досегашните американски претседатели, го сметаат како поддршка за израелската контрола врз источен Ерусалим, кој меѓународната заедница го смета за окупирана од Израел палестинска територија во ткн шестдневна војна од 1967 година, и кој Палестинците го посакуваат како главен град на нивната идна држава.