И на мажите и на жените подеднакво им е важно да бидат добри во кревет. Меѓутоа, на жените им е потешко да се возбудат, па поради тоа треба да знаат неколку трикови кои можат да си ги олеснат работите како на себе така и на нивните партнери. Од знаењето на тоа поле никогаш доста, и секогаш нешто може да се научи.
Го познавате ли своето тело, добро како и неговото?
На мажите можете да им забележите дека не е мајстор во задоволување и што не знае каде е клиторисот и како да го стимулира. Но запрашајте се дали тоа го знате и вие. Истражете го своето тело и дознајте што ви одговара и научете го својот партнер, на задоволство и на двајцата.
Го пуштате ли партнерот да си ја заврши својата работа?
Имено многу жени сметаат дека дамите треба да ги задоволуваат партнерите. Нека и тој понекогаш биде тој кој ве заведува и ве доведува до врв. Препуштете се во негови раце и заборавете на она што треба да го правите. Нека биде главен во играта и клуч за незаборавен секс.
Дали најпосле го прифативте своето тело?
Вашиот однос спрема телото и самодовербата влијаат на уживањето во сексот. Позитивниот став спрема сопствениот изглед, е еден од клучните состојки за физичко уживање. Заборавете на недостатоци, поработете на самодовербата и со нов став тргнете кон нови сензуални и сексуални искуства.
Откријте го експересниот пат до оргазмот
Откријте што најмногу ве возбудува и како најбрзо да постигнете оргазам, каде саката партнерот да ве бакнува, гали и допира. Тоа искуство пренесете му и го на партнерот. Разговорот за сексот е најдобар скратен пат до фантастичен секс и оргазам.
Се согласувате ли на секс од вистински причини
Не се согласувајте на секс поради страв дека нема да ве остави и за да не избегнете кавга. Вистинската причина за секс е единствено искрена желба и потреба со некого да бидете. Страста можеби не е вистинскиот збор.