Медицински хеликоптер паднал врз покрив на детска болница во американската сојузна држава Њу Мексико, јави „Асошиејтед Прес“, пренесува Нетпрес.
Според првичните објавени информации, инцидентот се случил само неколку секунди по полетување на леталото. Од вкупно тројца членови на екипажот, настрадал само пилотот.
Надлежните соопштиле дека хеликоптерот не транспортирал пациенти и дека нема настрадани лица во болницата. Но, поради мерките за безбедност, пациентите од последните два ката на болницата биле евакуирани и дислоцирани.