Скопјанка претепана од поранешното момче бидејќи одбивала секс

Дваесет и петгодишната скопјанка пријавила дека вчера попладне била физички нападната од нејзиното поранешно момче, поради тоа што одбивала сексуален однос со него.

Имено додека седеле во возилото на И.А. во еден момент тој почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата, телото, грбот и рацете, нанесувајќи и видливи повреди по главата и телото, а потоа И.А. почнал да ја допира по телото, информираат од полицијата.

Од МВР посочуваат дека причина за физичкиот напад е тоа што пријавителката не сакала да има сексуален однос со И.А. бидејќи ја прекинале врската пред две недели.

Настанот е пријавен во Полициска станица Ѓорче Петров и се работи на целосно расчистување на случајот.