Италија се подготвува за изборите со страв од политичкиот екстремизам

Од почетокот на 2018 година во Италија, каде што на 4-ти март се закажани општи избори, регистрирани се 70 случаи на политички екстремизам, пишуваат во четвртокот италијанските весници еднодушно изразувајќи стравување од зголемувањето на манофестирањето на политичкото насилство во земјата.

„Во опасната ситуација на зголемување на насилствата во изборната кампања, покрај нивните ветувања зачудуваат од страна на партиите низата физички пресметки меѓу спротиставените екстремисти“, пишува во редакцискиот напис на дневниот весник La Repubblica.

„Во атмосферата на максималното разочарување од состојбите во државата и од квалитетот на животот, партиите во преидзборната кампања одненадеж се соочуваат со серијата политички бандитизам. Сите знаци говорат дека насилството се враќа во политиката во неспецифични и изолирини форми“, се наведува во воведниот напис.

Според влијателниот милански дневен весник Corriere della Sera, во првиот месец и пол од годинава имало најмалку 70 вакви епизоди од политички екстримизам.

Најголемо влијание на јавноста предизвикаа нападот врз претставник на левата партија Власта на народот во Перуџа, кој заврши со ранувања со нож, нападот врз активист на екстремно десната партија Форца Нова во Палермо и сквернавењето на споменикот во Рим во чест на убиените од терористите телохранители на исто така ликвидираниот поранешен италијански премиер Алдо Моро, кој беше киднапиран од активистите на крајно левата милитанта организација Црвени бригади во 1978 година.

Нападите во Перуџа и Палермо, пишува натаму Corriere della Sera, се случија како „верижна реакција“ и по својата природата потсетуваат на таканаречените „оловни 1970-ти“, кога ваквите настани беа „речиси секојдневние“.

Во периодот пред најавените за овој викенд демонстрации во Рим,каде што ќе се одржи антифашистички марш, и во Палермо каде собир ќе одржат поддржувачите на Форца Нова, италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Минити, побра од шефот на италијанската полиција Франко Габриели да го засили присуството на полициските службеници на локациите каде што ќе има концентрација на луѓе и на места и каде што постои ризик за јавната безбедност.

„Конфронтацијата меѓу ултрадесничарските групации и нивните противници го достигна крајното ниво на агресивност, што предизвикува стравување од нови тешки влошувања на ситуација“, пишува весникот.

Поради сложената политичка ситауција италијанската влада се обрати до политичките партии со барање „да ги снизат тонот, бидејќи тоа е единствениот начин на кој ситуацијата може да се држи под контрола“.

Од своја страна, исто така, влијателниот римски весник Il Messaggero истакнува дека „шефот на министерството за внатрешни работи не ја крие загирженоста во врска со климата на ширење на омразата“, кога „судирите се случуваат речиси секојдневно, одредени активисти трпат напади, а ваквите манифестациите стануваат сé пожестоки“.

Говорејќи во вторникот во Рим при претставувањето на годишниот извештај на Одделот за информации од безбедноста (Dis), кој ја кординира дејноста на различните национални разузнавачко-безбедносни служби, премиерот Паоло Џентилони повика на „спротиставување на опасната од внатрешна радикализација и нејзината насилна реакција на социјалните проблеми и практиката на политичкиот екстремизам“.

Пред неколку дена челниците на двата дома на италијанскиот парламент, Лаура Балдрини и Пјетро Грасо, повикаа да бидат распуштени постојните организации поврзани со фашистичката идеологија.

„Во нашата земја растат провокациите и насилните акции од страна на неофашистичките групи. Не смееме да се преправаме дека ништо не се случува“, изјави челничката на Домот на пратениците Болдрини, настапувајќи на митингот во Милано.