Укинати се забраните за тешки товарни возила на патните правци Кичево – Охрид преку преминот Пресека и кај Дојранска крстосница – село Фурка, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Забраната за камиони беше воведена поради обилните снежни врнежи, а кај крстосницата Фурка на регионалниот пат Валандово – Дојран имаше попреченост од товарно моторно возило.