Малолетник од Прилеп е осомничен дека цртал кукасти крстови на музејот во Прилеп, информираше МВР. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе посебно известување против К.Д.(15).поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
Според МВР, полициска службеници на 30 јануари годинава забележале дека на споменикот на културата – Меморијален музеј “11 Октомври 1941 година – Участакот“ во Прилеп, кој е заштитен со закон, и на уште неколку други објекти, биле нацртани кукасти крстови, односно нацистичкиот симбол познат како свастика.
По преземени оперативни мерки, утврдено е дека сторител е малолетникот.