Струшки средношколец силуван од сооученик

Средношколец од Струга бил сексуалано злоупотребуван од соученик, информираше МВР.
Случајот бил пријавен во ПС Струга вчера од Центарот за социјални работи.

Според пријавата, која ја дал ученик во средно училиште во Струга, тој во неколку наврати под закана бил сексуално злоупотребен од друго малолетно лице-ученик.
Со малолетникот во Центарот за социјални работи бил извршен разговор во присуство на социјален работник, психолог, педагог и адвокат за деца.

Во разговорот малолетникот изјавил дека во повеќе наврати во летото 2017 година во неговиот дом бил сексуално злоупотребен од страна на друго малолетно лице-ученик во средно училиште.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на настанот.