Во тритте дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија земјава во Германија, за претседател на земјава вчера гласале само 172 лица, а биле пријавени 501 лице, пишува Дојче Веле.
Вчера за првпат во историјата на самостојна Македонија, за идниот претседател гласаат и граѓаните од дијаспората кои се на привремен престој – работа, студии и слично.
Најголем одглас имало во Берлин каде од 200 регистрирани, правото на глас го оствариле 82 македонски државјани. Во Минхен од евидентираните 174 лица се изјасниле 65, а најмала излезеност имал во Бон: од запишаните 127 лица гласале само 25 лица, пренедува Дојче Веле.
Изборниот материјал во текот на денешниот ден ќе биде доставен до Државанта изборна комисија преку дипломатска пошта.