Во детската градинка „Брешија“ во Дебар од денеска и во наредните неколку дена се одржува втората меѓународна средба во која учесници се деца од предучилишна возраст, а оваа активност е во рамки на проектот ,„Млади научници“ на Програмата „Еразмус +“.
Директорката на градинката Ајрије Дачи рече дека дебарската градинка, како претставник на Македонија е носител на проектот, додека како партнери се градинки од Данска, Италија, Турција и Литванија.
Според неа, дебарската градинка реализира бројни активности во повеќе сфери во кои се вклучени децата – млади научници.
Ова е втора фаза од проектот, а учествуваат и претставници на градинките од земјите партнери во проектот. Очекуваме да се презентираат досегашни активности во секоја земја-ученик во проектот и тоа по математика, технологија, англиски јазик и други области, рече Дачи.
Во презентирањето на градинката, но и општината и Македонија во целина, кординаторката Марија Василевска пред прсутните рече дека нашата држава и општината располагаат со многу природни богатства и убавини, како и многу културно-историски споменици од непроценлива вредност.
На отворањето децата млади-научници од дебарската градинка се преставија со посебна програма.
Во текот на следните денови, покрај другото ќе бидат посетени повеќе културно-историски споменци во Дебар, Струга и Центар Жупа.