Српскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вели дека од страна на Србија нема никаква тргување поради некои рокови за членство со Европската унија, како и дека е тешко да се промени ставот на земјите членки на ЕУ кои го признаа Косово, бидејќи тие ја бранат политиката којашто ја водеа во 1990-ти години.
„Едностраното прогласување независност е крајот на една таква политика. Тоа е нивна самоодбрана, но, многу ги нервира што процесот не е завршен. Тие мислат дека е невозможно процентот на држави кои го признаа Косово да падне под сто“, рече Дачиќ во гостувањето на РТС, истакнувајќи дека е важно за Србија да го задржи бројот на земји кои не го признале Косово.
Кога станува збор за ЕУ и фактот дека пет земји уште не ја признале независноста на Косово, шеф на српската дипломатија истакнува дека и само една земја да е во прашање ќе значи дека нема консензус.
„Затоа, во сите документи на ЕУ, Косово е обележано асиметрично“, вели Дачиќ.
Според него, постојат некои рокови за членство во ЕУ и дека „некоја рамковна година е 2025″. – Од наша страна нема каква било трговија поради некои рокови. Не може со нас така да се разговара за витална тема, како што е Косово, вели Дачиќ.
„За нив ќе биде се’ потешко, а голем број земји размислуваат за своите одлуки, очекуваме еден број земји да го повлечат своето признавање“, рече Дачиќ.