Европската комисија одобри финансиска помош на Грција од три милијарди евра за изградба на мрежа на автопатишта.
Изградбата на автопатишта во изминатите неколку години е запрена, бидејќи Грција беше тешко погодена од должничката криза, која бараше големи буџетски намалувања.
Според зборовите на европскиот комесар за регионален развој, Јоханес Хана, оваа инвестиција е од клучно значење за економско закрепнување на Грција и помош да се отворат 6.000 работни места.
Изградбата на патишта би требало да биде завршена до крајот 2015-тата година, кога ќе биде дел од трансевропската мрежа на патишта.