Толку е лош Договор со Грција којшто го потпишаа прмиерот Зоран Заев и неговиот шеф на диплоамтијата Никола Димитров, што се чини да не преговарале веројатно ќе имавме подобар, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој во понеделникот вечерта гостувапе во емисијата „Јади бурек“ на Телевизија Сонце.
Во разговорот, Николоски рече дека во целиот договор Македонија е „втората страна“ и е во подредена позиција, што според него е најголемо понижување за една држава.Кажа и дека се менуваат кодовите на Република Македонија, тие сега ќе бидат НМ или НМК, наместо МК.
„Според мене, најважниот, во членот 3, под Г вели, втората страна ќе го прифати името Република Северна Македонија како нејзино официјално име, во терминологиите кои се однесуваат на членот 1 став 3, низ сите нејзини внатрешни процедури. Името ќе биде обврзувачко и неотповикливо, значи Заев откако ја прифати Република Северна Македонија, тоа станува неотповикливо, што значи дека доколку утре има уставно мнозинство од 81 пратеник, во некој друг состав на Собранието, кое што би сакало да го промени името повторно во Република Македонија, нема да може да го направи тоа затоа што мора Грција да се согласи. Ќе треба да се потпише нов договор, за ова обврзувачко и неотповикливо да се тргне од овој договор, изјави Николоски.
Николоски кажа дека овој договор нема меѓународен гарант, па доколку една од страните, без разлика дали Македонија или Грција ја прекрши нема сила што може да го поправи тоа, тој кажа дека овој договор за разлика овој договор за разлика од други не пропишува време на истекување.
„Значи толку лош договор потпишале нашиве, тие што разбираат меѓународно право ќе го разберат ова. Да не преговарале веројатно подобар договор ќе имаше“, забелажа Николоски.
Николоски кажа дека според негови информации преку 60 адвокати и експерти по меѓународно право биле ангажирани да го изработат овој договор, а од наша страна имало само еден, па токму поради тоа бил ваков договорот.
„Овој договор има еден сет на обврски за Македонија и само една обврска за Грција. Обврските за Македонија се многу, за Грција е една во однос на членството на Македонија во НАТО и ЕУ“, речеНиколоски.
Како што кажа Николоски, Македонија ќе мора да го поднесе договорот веднаш на ратификација на Собранието, по што за тоа треба да биде информирана Грција. Тој вели дека во договорот стои дека до крајот на 2018 година Македонија ќе мора да ги заврши сите уставни амандмани.
„Грција ќе го ратификува овој договор, ако кај нас биде завршена ратификацијата и уставните измени. Се поставува прашањето ако во ноември или декември владата на Ципрас не обезбеди мнозинство за ратификација на овој договор, а ние сме го промениле Уставот како држава и истиот како што кажав е обврзувачки и неотповиклив. Сега ќе се промени Уставот, ќе се прекрсти државата, ќе се смени националниот идентитет, а може лесно да се случи да му падне владата на Ципрас и да не го ратификува договорот“, додаде Николоски.
Напомена дека може да се случи Македонија да промени сѐ, а Грција потоа да не го ратификува договорот во нивниот парламент.