Двајца полициски службеници од Полициската станица Гостивар се повредени од едно лице кога во средата се обиделе да приведат едно лице, соопшти во четвтрокот министерството за внатрешни работи
Имено вчера околу 12,50 часот во Гостивар на улицата „Мара Угриноска“ 33-годишниот Д.К. од Гостивар при обид да биде приведен од страна на двајца полициски службеници, почнал да дава активен отпор.
Со тупаница го удрил едниот полициски службеник во пределот на носот, нанесувајќи му фрактура со крварење, а со повреда во пределот на десната потколеница и десната дланка се здобил и другиот полициски службеник.
По кратко време Д.К. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.