Сондата „Parker Solar Probe“ на американската агенција за вселенски истражувања NASA успешно е лансирана во неделата од космодромот Кејп Канаверал на Флорида, со што ја започна мисијата којашто ќе трае седум години во текот на кои ќе собира информации за атмосферата на Сонцето.
Оваа соларна сонда со големина на помал автомобил ќе стигне на 6,1 километар од Сонцето, што е седум пати поблиску од кое и да е друго летало досега. Со тоа ќе стане првото летало кои влегло директно во надворешната атмосфера на единствената ѕвезда во нашиот систем, каде што температурата е околу 1.300 Целзиусови степени.
Сондата „Parker Solar Probe“ лансирана со ракетата „Delta IV“, воедно ќе стане и најбрзиот објект создаден од човечка рака. Ќе постигне брзина од 690.000 километри на час, со што на земјата од Токио до Њујорк би стасал за само една минута.
Мисијата од овој вид е предложебна пред 60 години, но дури сега за тоа е достапна технологија неопходна за инженерите. Лансирањето го следеше 91-годишниот астрофизичар Јуџин Паркер по кого е наречено леталото и кој во 1950-те години прв зборуваше за соларните ветрови.
„Сега само ги чекам реултатите. Ќе пристигнат многу податои, Сето што можам да го кажам е – ах, еве тргнува“, изјави Паркер по лансирањето за коешто рече дека било извонредно тензично по одложувањето за 24 часа од технички причини.
Сондата ќе остане на доволно ниски температуриа и покрај екстремната топлина и радијацијата на којашто ќе биде изложена во блиина на Сонцето. Речиси сите уреди на леталот се аштитени со 11,43 сантиметарски дебел штит од јаглерод кој ќе ја задржува температурата на сондата на издржливи 30 Целзиусови степени.
Научниците се надеваат дека во текот на седумгодишната мисија треба да ги расветли многуте мистерии на Сонцето, како што се тие зошто неговата атмосфера – короната е потопла од самата површина, како и нешто а магнетското поле на ѕведата и за соларните ветрови. Сондата ќе направи вкупно 24 кругови околу Сонцетот, каде што ќе стаса веќе во ноември. Првата станица ѝ е Венера, чијашто гравитација ќе ја искористи за да се приближи на ѕвездата.
Американските научници пресметале дека сондата опремена со најсовремени уреди, доколку ја изврши својата мисија, ќе обезбеди нови информации за процесите во сончевата атмосфера, коишто се од суштинско значење на животот на Земјата. Проектот за оваа мисија, која може да потрае и осум година, се проценува на 1,5 милијарди долари.
Вселенската сонда е изградена по указ на владата од експертите на лабораторијата за применета физика при Универзитетот Џон Хопкинс во Лорел, во сојузната држава Мериленд. Лансирањето е во рамките на програмата „Живот со ѕвездата“, којашто ја развива научниот оддел на NASA, заедно со Центарот за вселенски летов Годард во Гринбелт, исто така, во Мериленд.
Во споменатиот објект, кој е дел од американската вселенска агенција, во текот на два месеца беше тестирана структурата на леталото во услови на екстремни температури. Прво инженерите го ставија во вакуум комора на околу 12 метри височина за да се провери како сондата и уредите на неа ќе се однесуваат на температура од мунис 180 Целиусови степени, а потоа почнаа да ја зголемуваат температурата, следејќи ја состојбата на сондата. Експертите наизменично го изложувале уредот на ниски и виски температури, симулирајчи ги условите на летото во Вселената. Бидејчи се очекува дека кога орбитата во ноември ќе орбитира околу Сонцето приоѓајќи му на растојание од 6,4 милиони километри, ќе биде во рамките на сончевата корона, односно надворешниот и најжешкиот слој на атмиосферата, каде што температирите според некои процени може да надминат и 500.000 Целзиусови степени.
Според замислата на научниците, пред почетокот на јули 2025 година леталото треба да го изврши 24-от круг околу Сонцето, со забрзување на брзината на 724.000 километри на час. Секое кружење би треабло да трае по 88 денови. Во текот на трите последни орбитирања, уредот ќе мора да мине на 6,08 милиони километри од Сонцето. Ова е седум пати полиску од досегашната рекордна оддалеченост од сончевата површина што ја изведе леталото „Helios 2“ во текот на мисијата во 1976 година. Просечното растојание на Земјата од Сонцето изнесува 149,6 милиони километтри.
На сондата „ Parker Solar Probe“ се инсталирани научни инструменти, со чија помош експертите особено ќе ја мерат сончевата радијација. Покрај тоа, сондата до Земјата треба да испраќа и снимки, коишто ќе бидат првите направени во пределите на сончевата корона.