Заев и Филипче наместо да го подобрат здравствениот систем почнаа да ги заплашуваат и уценуваат граѓаните

СДСМ направи тотален хаос од здравствениот систем во Република Македонија. Со СДСМ здравството е урнисано, а нивното расипништво и неспособноста ги плаќаат граѓаните со своите животи. Откако СДСМ е на власт, во здравството секојдневно се редат скандали, а Заев и Филипче наместо да го подобрат здравствениот систем почнаа да ги заплашуваат и уценуваат граѓаните на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ бесрамно ја злоупотребува вакцинацијата во кампања за да ги плаши родителите во државата, убедувајќи ги дека само ако помине референдумот тие ќе имаат квалитетни вакцини. Со тоа СДСМ фрла сомнеж дека сегашните вакцини се со послаб квалитет и не се по стандарди. Илјадници родители во земјава се исплашени и револтирани од неетичкото однесување на министерот Венко Филипче кој процесот на вакцинација го користи за да го оправда капитулантскиот договор со Грција, стои во соопштението и се додава:

„Деца ги губат своите животи заради немање средства, а власта троши стотици илјади евра на цвеќе и кафе. Очигледно на СДСМ, Заев и Филипче не им се важни здравјето и животите на граѓаните, па загубата на животи како резултат на нивниот хаос во здравството стана секојдневие. Картелот на власт се грижи само за ширење на своите бизниси и затоа поважни им се милионски крвави и скандалозни тендери наместо решавање на приоритетните работи во здравството“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ги понижи и здравствените работници.

-Додека беа во опозиција ги лажеа дека за само 6 месеци ќе им ги покачат платите за 15%, а сега откако дојдоа на власт за повеќе од година дена им ветуваат минорни 5, со што го потценуваат нивниот труд и придонес во општеството. Стотици апарати во клиниките остануваат неупотребливи само затоа што власта е неспособна да ги поправи, а нивната неспособност оди дотаму што не се способни ни да го исчистат ѓубрето по кликите па мораше граѓански активисти да го чистат. На расипничкото водење на СДСМ со здравствениот систем мора да му дојде крај. Време е СДСМ да си замине за граѓаните и Македонија да добијат подобро здравство