Херојот Марко Пејчиновиќ на само 12. годишна возраст, со направена операција по која добил инфаркт на колкот, успеа да го преплива Охридското Езеро за еден ден, па сега цела Македонија и регионот слушнаа за чудото од дете кое не направи горди.
Тој за Женски Магазин раскажа дека Езерото било немирно, со силни бранови и ветер.
Ногата не ме болеше. Не сакав воопшто да излегувам од вода и да правам пуаза. Кога огладнев, сакав да јадам во вода, но не можев од брановите. Само тогаш, влегов во кајче на една минута, набрзина јадев и се вратив во езеро, вели Марко за Женски Магазин, кој го преплива Охридското езеро од 9:30 до 18:15 часот.