Монструозно насилство се одиграло во саботата претпладнето во Тетово, кога маж ја прободел својата вонбрачна жена неколкупати во градите, вратот, грбот и дланките
Утринава во 8 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничката болница-Тетово било пријавено дека кај нив била донесена 49-годишната В.М. од Тетово со повреди од остар предмет во пределот на градите, вратот, грбот и дланките. Поради сериозноста на повредите жената била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и била задржана на понатамошно лекување.
По кратко време во полициска станица дошол 49-годишниот Б.А. и пријавило дека во семејната куќа со нож ја избодел В.М. со која заедно вонбрачно живееле. Лицето е задржано, известен е Јавен обвинител и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.