Поранешниот член на легендарната ливерпулска четворка глобално позната како The Beatles открива во интевјуто за магазинот The Sunday Times дека имал визија на Господ пред многу години додека бил во психоделичен „трип“ по земањето дроги.
„Го видов Господ, тоа неверојатно величествено нешто, и бев понизен. Тој момент не го пресврти мојот живот, но беше знак“, вели сега 76-годишниот Маккартни.
Опишува дека „тоа беше огромно“ нешто. „Голем ѕид кому не можев да му го видам врвот…. И други би рекле дека тоа е само дрога, халуцинација, но чувстувам дека видов вишо нешто“, вели поранешната „бубачка“.
„Верувам дека постои нешто повисоко“, додава славниот музичар.
Вели дека, исто така, верува оти починатите блиски, споменувајќи ја неговата почината сопруга Линда, „се тука и нé гледаат“.
„Дел од вас мислат дека за тоа нема докази, меѓутоа постои дел кој сака да верува“, порачува Маккартни.
Интервјуто со Маккартни е правено по повод издавњето на неговиот нов соло албум под наслот „Egypt Station“, кој во продажба ќе се појави на 7-ми септември, и ќе биде негиот 17-студиски албум.