Терористи биле подготвени да пукаат во претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доколку продолжел со патот кон Бање, пренесува во вторникот порталот Србија данес.
Посетата на Вучиќ на споменатата локација не била реализирана поради барикадите кои долж патот биле поставени од поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК – UCK), предводени од претседателот на општината Беким Јашариј.
Од меѓународната мисија КФОР и од косовската полиција на српскиот претседател му порачале дека на тој дел од патот не можат да му гарантираат безбедност.
„Екстремистите беа подготвени да пукаат на Вучиќ и неговата придружба. И новинарите можеа да се уверат дека беа вооружени со долги цевки, а имаше и снајперисти. Војската на Србија беше на готовс. Над југот од Србија ненајавено беа подигнати борбени авиони на војската на Србија“, рекол неименуван извор за Србија данес.