ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги прифати грчките црвени линии со кои се менува идентитетот и се брише македонската историја, традиција и култура

Заев ги прифати грчките црвени линии со кои се менува идентитетот и се брише македонската историја, традиција и култура. Понижувачки и потценувачки е фактот што Зоран Заев се повикува на историските учебници кои тој преку договорот со Грција прифати да ги менува и ревидира, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до Зоран Заев.

2Истиот тој Зоран Заев кој во своите говори се повикува на историските учебници од кои учеле генерации граѓани на Република Македонија, кој во своите говори се повикува на македонските револуционери и дејци,  истовремено формира комисија чија основна цел ќе биде менување и ревидирање на историските учебници и македонската историја. Формирањето на таквата комисија е јасна потврда за бришењето на македонската историја и македонската традиција, што се прави со штетниот договор со Грција. Тоа е вистината за штетниот договор која Заев сака да ја сокрие од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Зоран Заев преку овој капитулантски договор го продава идентитетот, историјата, културата и традицијата. Капитулантскиот договор е на целосна штета на државата. Зоран Заев мора да си даде оставка и да си замине пред да штетите по државата да бидат преголеми.“