Лула се откажа од претседателските избори во Бразил

Поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва се откажа во вторникот од кандидатурата за претседателските избори во Бразил, на кои инаку беше голем фаворит, и ја истакна својата замена Фернандо Хададо, според извори од неговата партија, пренесува AFP.

По повеќечасовниот состанок на водството на партијата, Работничката партија (РТ) на Лула да Силва да биде заменет како кандидат од Фернандо Хададо, откако на 1-ви септември Вишиот изборен суд ја поништи кандидатурата на Лула.

„Донесена е одлука“, рекол за агенцијата фунцкионер на прашањето за замена на Лула со Хададо, во очекување на официјалната објава на големата левичарска партија во Куритиба.

Бразилскиот суд минатиот петок му забрани на поранешниот претседател Лула Инасио Лула да Силва да се кандидира на годинешните претседателски избори пораи пресуда за корупција.

Лула е прогласен за виновен за корупција и перење пари во врска со реновирање на луксузен пентхаус на брегот што го финансирала компанија којашто настојувала да си осигури активности со државниот нафтен гигант „Petrobras“. Отслужува казна од 12 години затвор во градот Куритиба, на југот од Бразил.

Да Силва беше претседател од 2003 до 2010 година. Во април Лула беше осуден на 12 години и еден месец затвор за корупција и перење пари. Тој беше највисокиот уапсен и осуден функционер во антикорупциската акција на полицијата наречена „Пералница за автомобили“. Лула за цело време на судењето тврдеше дека не е виновен и дека обвинението е политички мотивирано.

Анкетите на јавното мислење спроведувани до изрекувањето на пресудата против Лула де Силва во април, укажуваа дека тој би имал најголеми шанси за победа на претседателските избори. Во последните анкети Лула водеше со 39 отсто поддршка.

Лула се искачи на општественото скалило од чистач на чевли и уличен продавач до најпопуларниот политичар во историјата на Бразил. Се смета дека во неговите два мандата десетици милиони Бразилци се извлекле од сиромаштијата, делумно и преку социјалните програми кои беа финансирани од приходите од нафтата.