Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, по состаноците на највисоките партиски тела, донесе одлука секој граѓанин да постапи според сопстевното убедување, и секој поединец со сопствениот морал и совед да донесе одлука којашто ќе смета дека е најдобра, зашто Македонија ни е сé. Партиите нема да одлучуваат, за националното прашање ќе решава нацијата, а сите ние ќе се поклониме пред одлукаат, рече лидерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата во вторникот доцна ноќта кога го повика премиерот Зоран Заев на телевииски дуел за референдумот.
Прашањето за името е едно од најзначајните за нашата држава, ова не е прашање на Христијан Мицкоски и Зоран Заев , туку на Македонија и сите граѓани, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека станува збор за историски моменти кога неговата партија во консултации со граѓаните за апстиненција или за против донела одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување.
„ Нашата татаковина е пред крстопат а ова се судбоносни мигови. Од власта ќе кажата дека е потребен исчекор напред ,а пред нас е бездна од Договорот од Преспа. Треба да се биде свесен дека со досега прифатеното Владата ги сруши сите преговарачки позиции. Сакам да бидам реален и искрен. Македонија се наоѓа во тешка и деликатна ситуација доведена од луѓе водени за својот личен интерес. Тешката позиција ја споделуваат сите граѓани. На власт дојде Влада која нема никакви резултати. Нема напредок. Секојдневно се случуваат корупциски афери, стипендии за одбрани студенти, но не и за најдобрите, учебна година без нови учебници. Поради ваквата недемократска власт многу луѓе се самоцензурираат. Почна лов на јавно искажан збор. Ако не се багерите да газат, тука е полицијата да малтретира“, рече Мицкоски.
„Не е проблем за власта да ги менува позициите дека нема да го менува Уставот. Ако тоа за Заев не е проблем за мене е. Договорот за името не го прифаќаме. Ние сме против овој договор оти се менува уставот на Македонија, националниот идентитет, патните исправи, личниот идентитет. Се прифаќа ревидирање на културата. Сето ова е спротивно со нашите ставови. Тоа јас нема да го правам оти е неодговорно“, рече лидерот на опозицијата.
„Договорот за смена на името е документ кој јас и ВМРО-ДОМНЕ не го прифаќаме затоа што е надвор од нашите принципи и начена. Ние сме против овој договор и на секому е јасно дека со овој договор се меува Уставот, институционалниот идентитет како клучен сегмент на националниот индентитет, се менуваат патните исправи и лични документи. Се прифаќа комисија за разгледување и ревидирање на културата и традивција која отвораа можност нашиот јужен сосед кога сака да ги блокира интергациите“, рече Мицкоски и додаде дека сето ова е спротивно со нивните ставови.
Мицкоски оцени дека референдумското прашање е повеќезначнои оти свесно се вметнато прашањата дали сте за членство за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот од Грција за да предизвика забуна кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е за членство во ЕУ и НАТО. Република Македонија не смее да има поинаква иднина трасирана во овие организација, но ние сме против Договорот, порача Мицкоски.
„Остануваме на ставот дека сме против овој Договор, бидејќи се менува Уставот и институционалниот идентитет. Ги губиме сите позиции и аргументи стекнати наназад. Самото референдумско прашање е манипулативно и повеќезначно. ВМРО-ДПМНЕ е за членство во НАТО и ЕУ, тоа се нашите пријатели. ВМРО-ДПМНЕ е на страна на сите оние кои се против овој Договор, на било кој начин. И после референудмот и Договорот, ќе има државни тендери за Анѓушев, Заев ќе продолжи да лаже и краде. Значи не е до Договорот, туку кој ја води државата. Меркел рече дека освен Договорот има и други услови што треба да се реализираат. Прашањето за името е едно од најзначанјите за нашата држава, ова е прашање кое задира во историјата и се однесува на иднината, на младите. Ова не е прашање на Мицкоски и на Заев, ова е прашање за Македонија. Ова се историски моменти. ВМРО-ДПМНЕ по консултациите од граѓаните и различните мислењата, по одржаните состаноци, и јасниот став дека договорот е неприфатлив, донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Секој ќе донесе одлука која смета дека е најдобра за своето семејство и држава. Ќе одлучи нацијата и на таа одлука сите ние ќе се поклониме. Имате се пред вас и се е видливо и сум убеден дека знаете што треба да направите. Вие најдобро знаете што сакам да ви кажам, само слушајте го вашето срце и на крај Македонија ќе победи“, рече Мицкоски.