Првиот италијански полицаец му порача на еврокомесар „да си ја измие устата“

eеврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер московиси

Највисокиот економски функционер на Европската унија изјави во четвртокот дека стравува оти „мали Мусолини“ може да ја преплават Европската унија, со што предизвика остра реакција на италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини кого го обвини дека ја навредува неговата земја и сите Италијанци.

Пораншениот социјлистички француски министер за економија, финасии и надворешна трговија, кој од 2014 година е еврокомесар за економски и финансиски прашања, изјави дека моменталната политичка ситуација во Европската унија, со зголемување на моќта на суверенистите и крајната десница во многу земји членки, потсетува на 1930-те години кога на власт биле Адолф Хитлер и Бенито Мусолини.

„За среќа ги нема звуците на високите чизми, го нема Хитлер, но можеби има мали Мусолинчиња. Тоа допрва треба да го видиме“, изјави Московиси во Париз за новинарите.

Московиси не спомена конкретни имиња, но Матео Салвини, потпреседателот на италијанската влада и минитер за внатрешни работи, челник на евроскептична и противимигрантска партија Лига, тоа го сфати лично и национално.

„Би требало да си ја измие устата пред да ги навредува Италија, Италијанците и нивната легитимна влада“, изјави Салвини во писмена изјава објавена од неговиот кабинет во Рим.

Салвини, исто така, во изјавата уште еднаш ја обвини Франција на којашто ѝ забележува дека не сторила доволно во решавањето на прашањето на имигрантите од Африка, како и дека ја вовлекла Либија, преку којашто последните години имигранти пристигнуваат со стотици илјади до италијанските брегови, во состојба на хаос кога помагала во соборувањето на либискиот водач Моамер ел-Гадафи од кого претходно францските власти земаа големи суми пари кои останаа невратени.

„Европскиот комесар Московиси, наместо да ја критикува својата Франција којашто ги одбива и протерува имигрантите и којашто ја бомбардираше Либија и ги проби европските буџетски параметри, ја напаѓа Италија и зборува за ‘бројни мали Мусолини’ по Европа“, порачува Салвини.

На изјавата на Московиси реагираше и Луиџи ди Мајо, поранешен претприемач и член на Движењето пет звези, министер за економски развој, турд и социјални политики, и заменик на претседатлот на Советот на министри на Италија. „Ставовите и односот на некои европски комесари се неприфатливи, навистина неподмосливи. Од восичините на Европската комисија да може да кажат дека во Италија имало ттолку многи мали Мусолини“, тоа еддноставно не смеат да си го доволат“, рече Ди Мајо.

Московиси во Париз, меѓу другото, кажа дека Италија треба да прекине со „расипната потрошувачка“ и како приоритет треба да ги постави инвестициите и вложувањата во инфраструктурата за да го стимулира растот и продуктивноста.

„Во инерес на Италија е да го намали својот голем јавен долг. Би била лага да се мисли дека некој може да вложува повеќе со висок дефицит. Доколку тоа се случи, на крајот завршувате со повеќе долг и помалку капацитети за инвестирање“, рече Московиси.

Италија го подготвува буџетот за следната 2019 година, процес кој ги зголеми тензиите во владејачката коалиција, којашто ја сочинуваат Лига на Салвини и евроскептичното и антиестаблишмент Движењето пет ѕвезди.

Остриот пад на вредноста на италијанските обврзници го отсликува стравот на вложувачите во врска со стабилноста на италијанските финансии, сметаат економските аналитичари, а во прв ред тоа го тврди Московиси. За него клучно е Италија да осмисли буџет кој ќе функционира.

„Италијанскиот буџет треба да биде одржлив, одржлив на номинално ниво, но исто така и одржлив во смисла на структурните реформи кои се потребни. Треба да постои значителен напор на структуралниот дел“, додаде еврокомесарот.

Московиси истакна дека блиско соработува со италијанскиот министер за финанси во она што го опишува како „конструктивна клима“, и рече дека се надева дека така ќе се продолжи.