Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „многу сериозно“ ја разгледува можноста за отворање постојана американска воена база во Полска, наведувајќи дека ја споделува загриженоста на Полска од наводна можна агресија од Русија.
Полска во неколку наврати бара постојана американка воена база на својата територија и покрај членството во НАТО под изговор за наводен страв од руска агресија, нудејќи две милијарди долари за финансирање на таква база. Американските војници во моментов се присутни во Полска во рамките на силите на НАТО кои ротираат.
„Тоа го разгледуваме многу сериозно“, изјавил американскиот претседател Доналд Трамп во текот на примањето на полскиот колега по должност Анджеј Дуда во Овалната канцеларија во Белата куќа додавајќи дека САД, исто така, ја разгледуваат можноста за укинување на визите за Полјаците.
„Полска е подготвена да придонесе за американската присутност во Полска. Доколку тие се подготвени, ќе разговараме за тоа“, додал Дуда, кој самиот и неговата земја имаат недоразбирања во моментов со Европската унија.
Во текот на заедничката прес-конференција, полскиот претседател го повика Трамп да распореди американски војници во Полска.
„Се надевам дека ќе одлучите да распоредите повеќе единици и опрема. Би сакал постојана американска база во Полска“, додаде Дуда.
Американскиот претседател Трамп изјави дека Русија „постапува агресивно и дека ја почитува силата, а Америка ја има најголемата сила на светот, особено во овој момент“.
Дуда, исто така, инсистирал на „агресивното однесување на Русија“ и објасни „дека е убеден оти нема поефикана метода за спречување на војната од покажувањето дека во секој момент сме подготвени да одбиеме напад“.
Русија во мај уште еднаш изрази загриженоста за полското барање, поради ширењето на НАТО кон руските граници истакнувајќи дека тоа ја поткопува стабилноста во Европа. Доколку ваквата иницијатива се оствари, може да се претпостави дека Русија ќе ги зајакне своите сили ви балтичката енклава Калининград и на своите европски граници.
Полска му се придружи на НАТО во 1999 година заедно исто така со поранешните членки на Варшавскиот договор Унгарија и Чешка, а оттокаш и поранешните комунистички земји како Бугарија и Романија, вклучително и балтичките републики кои граничат во Русија, влегоа во Алијансата.
Полска би можела да понуди до две милијарди долари за финансирање на американска воена база, според предлогот на полското министерство за одбрана за што ивестија полските медиуми. Владини извори во Варшава потврдил за Reuters дека е направена таквата понуда.