Харадинај: Ако се изменат границите пак ќе ни требаат воени чизми

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека дури и само да се зборува за „прашањето на границите на Косово“ е опасно за стабилноста на регионот, објави денеска приштинскиот портал „Телеграфи“.

Границите на Косово се воспоставени со (воени) чизми, а не на маси и во преговори … Ако тие се изменат  ќе бидат потребни многу воени чизми од двете страни, рече Харадинај.
Тој рече дека нема да прифати никаков договор со Белград кој поттикнува „промена на границите“ и дека тој план не го смета за сериозен.

По сето тоа што се случи, не можам да верувам дека претседателот Хашим Тачи смета дека ова е сериозен проект. Мислам дека тоа е дел од неговата политичка тактика, заклучи Харадинај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.