Уапсени 120 лица за поседување дрога

Тетовската лица за само дваесетина дена уапсила 120 лица за поседување на дрога, информираше МВР.

Во рамките на планираните активности на СВР Тетово за откривање и санкционирање на лица кои се инволвирани во неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, во текот на минатиот месец, поточно од 6 до 28 септември, на поширокото полошко подрачје лишени од слобода се вкупно 120 лица, велат од МВР.

Најголемиот број од нив- 92 лишени се на тетовското, а 28 на гостиварското подрачје. Претежно станува збор за машки лица на возраст од 15 до 45 години, не само од Тетово и Гостивар, туку и од повеќе села, кај кои пронајдена, фотодокументирана и одземена е марихуана, кокаин, хероин, хашиш и екстази.

По целосно документирање на случаите против лицата се поднесуваат соодветни кривични пријави.