Во Скопје вчера се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, во пет сообраќајки биле полесно повредени пет лица, а во пет била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум возачи за неправилно престројување и еден возач за неправилно престигнување, како и едно лице за не користење на заштитен шлем при управување на велосипед со мотор, мопед или мотоцикл.
Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.
Од сообраќај, биле исклучени вкупно 15 возачи, од кои двајца кои го управувале возилото под дејство на алкохол, девет возачи пред да се стекнат со право на управување и четворица возачи почетници, како и 10 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 91 возило непрописно паркирано.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 74 возила.
Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).
Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Кирил и Методиј“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар со ученици од второ одделение во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.