Партиите на демохристијанско-социјалдемократската влада на германската канцеларка Ангела Меркел водат на покраинските избори Хесен, но со огромни загуби, покажуваа податоците од излезните анкети на јавниот сервис ARD објавени по затворањето на избирачките места во 18 часот.
Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел е во водство со 28 отсто од гласовите, но загубила речиси 10 проценти од минатите избори кога освоила 30,7 отсто, а нејзиниот партнер во владата Социјалдемократската партија на Германија (SPD) којашто остварила 19,9 отсто од гласовите, што е исто така, 10 проценти помалку од минатите избори.
Партијата на Зелените освоила 19,5 отсто од гласовите што е нејзин најдобар резултат во покраинате Хесен во којашто административен центар е Франкфурт кој е финансискиот центар на Германија. Десно-кознервативната, евроскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), формирана пред самите пет години, освоила 12 отсто од гласовите со што влегува и во парламентот во Хесен кој се наоѓа во Визбаден, со што сега е застапена во сите 16 покраини.
Либералната Слободна демократска партија (FDP) освоила 7,5 отсто, а партијата Левица (Die Linke) освоила 6,5 отсто.
Во покраината досега на власт беше коалицијата на CDU и Зелените, така што се чини дека со овие резултати владата предводена од Фолкер Буфлиер од демохристијаните го задржала мнозинството во парламентот.
Но по изборите во Баварија пред две седмици, кога партиите од владејачката коалиција на сојузно ниво доживеаја исто така драматични губења на гласовите, се очекуваат нови тензии во Берлин, а аналитичарите не го исклучуваат ниту излегувањето на SPD од владат, распаѓање на коалицијата и распишување предвремени парламентарни производи.