Немаше победник во првиот дуел во аргентинското Суперкласико меѓу великаните Бока Јуниорс и Ривер Плејт одиграно во рамките на Копа Либертадорес на „Ла Бомбониера“ во Буенос Аирес, кој заврши со резултат 2:2, а реваншот кој ќе го даде годинешниот победник во јужноамериканскиот пандан на европската Лига на шампионите ќе се одигра на 24-ти ноември на стадионот „Монументал Антонио Веспучо Либерти“.
Аргентинското „Суперкласико“ се вбројува меѓу најголемите градски дерби во фудбалот на планетатва, а Бока и Ривер досега одиграле 248 натпревари, но во неделата вечерта првпат меѓусебно се сретнаа во финалето на најпрестижнот латиноамериканско натпреварување. Бока досега е поуспешна, со 88 победи, а Ривер има седум помалку, додека 78 мечеви завршиле без победник.
Бока двапати беше во водство, а Ривер двапати израмнуваше и со поволен резултат го пречекува реваншот на својот терен.
Домашните поведоа во 34 минута со голот на Рамон Абиле, кој двапати одлино реагирапе во противничкиот шеснаесетник. Аргентинскиот напаѓач прво шутираше од 14 метри, но Франко Армани го одбрани неговиот удар, но Абиле ја пречека одбиената топка и го постигна водството на Бока. Но Ривер израмни веќе во следниот напад. Откако неговите играчи тргнаа од центарот, Енцо Перез додаде до Давиде Прато кој излезе пред Аугустино Роси и постигна гол за 1:1.
Во последните моменти од првото полувреме Нога стаса до ново водство. Себастијан Вила нафрли од слободен удар, а Дарио Бенедето стрелаше со глава за 2:1. Во 61 минута Ривер израмни, и тоа со автоголот на Карлос Изгвиериос, по нафрлувањето на Лукас Мартинез. Изгвериос така се претвори во трагичар на мечот бидејќи токму нему му побегна Прато при постигнувањето на првиот погодок. Во последните моменти Бока имаше стопроцентна шанса за победа кога Бенедето излезе сам пред Армани, но гостинскиот голман беше поуспешен.
За Бока Јуниорс ова е 11-то финале во Копа либертадорес, во кој шестпати триумфирала, последен пат во 2007 година. Ривер Плејт, пак, досега пет пати играл во самата завршница на ова натпреварување и трипати победувал, последен пат во 2015 година.