Фејсбук страната Правда за Никола Груевски денеска објави соопштение за јавноста во кое стои дека Никола Груевски е на мета на политички прогон во Република Македонија.
Во продолжение ви го пренесувам интегралниот статус:
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Иницијативата Правда за Никола Груевски искажува незадоволство од одбивањето на второстепената жалба за одложување на издржувањето на казната на поранешниот претседател на Владата Никола Груевски. Со ова уште еднаш се потврдува политичкиот прогон што се спроведува во Република Македонија.
Никола Груевски е жртва на политичкиот прогон!
Јавно бараме претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го искористи уставно загарантираното право и да ги заштити недолжните граѓани кои се опфатени со овој прогон.
Како народ и држава не смееме да дозволиме затворите во Република Македонија да се исполнат со политички затвореници.
Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!
Со почит,
Иницијатива
Правда за Никола Груевски.