Белата куќа се закани со повторно одземање на акредитацијата за Акоста, CNN го повикува федералниот суд

Откако Белата куќа се закани со повторно одземање на акредитациајта на новинарот Џим Акоста, неговата телевизија CNN во понеделникот го повика сојузниот суд на итна расправа, пренесува агенцијата Reuters, потсетувајќи дека судот пред три дена донесе одлука „со ограничен каракетр“ со којашто на споменатиот новинар привремено му се враќа акредитациајта на две седмици, додека не биде одлучено по тужбата којашто во меѓувреме ја подигна неговата телевизија.

Белата куќа на 7-ми ноември му ја укина акредитацијата на новинарот Џим Акоста поради „непристојно однесување“ на прес-конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп кој му кажа дека е „безобразен“, по што телевизијата CNN се обрати до судот со тврдење дека се повредени првиот и петтиот амандаман од уставот на САД.

Акоста и CNN од судот бараа следната седмица итно да се одржи рочиште, откако Белата куќа во петокот новинарот писмено го известила дека повторно ќе му ја укине акредитацијата, по истекот на судскиот налог. Белата куќа, пак, е против итното рочиште, образложувајќи дека „не само што во моментов нема никаква итност, туку и во овој момнет невозможно е да се знае дали наредните чекори воопшто ќе бидат потребни, а уште помалку кои чекори тоа би биле“.

Окружниот судија Тимоти Кели, кој на Белата куќа и’ нареди да му ја врати новинарската акредитација на Акоста додека не биде одлучено по тужбата на CNN, при носењето на одлуката појасни дека судот во одлуката не се занимавал со меритумот на тужбата во која се наведува дека е повреден првиот уставен амандман кој ја граранатнира слободата на говорот и новинарството, туку се концентрирал на тоа дали е осигурано праведно постапување во текот на одземањето на акредитацијата.

Пред судот, правниците од американската влада изјавија дека според првиот амандман не постои право за пристап во Белата куќа, како и дека Акоста е казнет поради непристојно однесување на конференцијата за новинарите, а не поради критикување на претседателот на САД.