
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во водите на Средоземно Море, јави Анадолија. повикувајќи се на соопштение од државната Канцеларија за кризни и итни состојби (АФАД).
Земјотресот е регистриран во 9 часот и 25 минути по локално време (8.25 часот по средноевропско време).
Земјотресот, како што соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен Турк, бил на длабочина од околу 40 километри, со епицентар недалеку од областа Мугла,
Потресот е почувствуван во реонот на турското одморалиште Датча.
Според првичните податоци, нема повредени лица и предизвикани материјални штети.