Владата и пратниците на владејачката СДСМ за доброто на граѓаните треба да прифат барем еден амандман , рече во четвертокот пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ,Влатко Ѓорчев на денешното излагање на собраниската комисија за финансирање и буџет, обраќајќи се до министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Апелирам до вас министре Тевдовски да го прифатите овој амандман од пратениците на БЕСА, кој се однесува за водовод во село Визбегово во општината Шуто Оризари, затоа што во општината Шуто Оризари навистина минимално доделувате средства во делот на помош на општините. Шуто Оризари е меѓу најзапоставените општини во вашите средства кои ги распределувате и апелирам за поголема помош и повеќе алоцирање и повеќе проекти за општината Шуто Оризари, рече Ѓорчев.
Ѓорчев изрази жалење поради тоа неприфаќањето на амандманите од страна на пратениците од опозицијата. Тој го потсети Тевдовски дека претходно не подржал еден важен проект за село Лабуништа во општина Струга и истакна дека со ова се разочарани голем број на граѓани не само од село Лабуништа, туку и од голем број на жители од другите околни села.
Апелирам до министерот Тевдовски, до владата на Зоран Заев и пратениците од СДСМ да ги поддржат и гласаат овие амандмани за кои гласаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, за кои гласаат пратениците на БЕСА, а коишто се за конкретно за водовод во Визбегово во Шуто Орзари, додаде Ѓорчев.