5.8 C
Skopje
недела, декември 1, 2024

Со вклучени сирени, бродарите се простија од градоначалникот на Охрид

Во присуство на речиси половина влада, пратеници, премиерот Зоран Заев, пријатели и голем број на граѓани денес во Охрид се одржа комеморативна седница по повод смртта на градоначалникот, Јован Стојаноски кој во саботата на 48 годишна возраст почина од срцев удар на пат кон болница.

Со петминутно вклучување на бродските сирени и спуштени знамиња, бродската флота на Охридското Езеро му оддаде последна почит на Стојаноски.