
Еве уште еден доказ дека владата на СДС само декларативно се залага за правата и подобар живот на земјоделците. Цела година плач и лелек одекнуваше во секое село во Македонија а оној што петекнувал од село како предизборно така и изминатава година останаа само на едно големо ќе, пишува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.
И додека денес земјоделците протестираат на минусни температури и господава јадат и пијат на богата трпеза збогатена со музика на уво и нормално ќе платат со народни пари. Доста беше ги поминавте сите граници! Време да си заминете додека не го уништите целосно земјоделството со вашата незаинтересираност, некадарност и неспособност, стои во објавата на Трипуновски.