Неделниот дерби натпревар од 31. коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот на националната арена “Филип Втори” помеѓу екипите на Работнички и Вардар, заврши со заслужен триумф на “романтичарите” од 3:1.
Со новиот срамен пораз, фудбалерите на Вардар и официјално се збогуваа со шампионската титула, додека победничкиот пехар ќе заврши кај соседот доколку Работнички забележи триумф во последните две кола од актуелната сезона.
Најголем удел во новиот триумф има поранешниот напаѓач на Вардар, а сега стандарден првотимец во дресот на Работнички, Борче Маневски кој постигна два погодока, точка на заслужениот триумф стави офанзивниот бек, Благоја Тодоровски.
Минимална, но злато вредна победа во дуелот против гостинскиот тим на Пелистер, забележаа фудбалерите на Хоризонт Турново кои и понатаму имаат два бода помалку од лидерот на првенствената табела тимот на Работнички.
Резултати: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 3-1, БРЕГАЛНИЦА – МЕТАЛУРГ 0-1, ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 5-0, Х.ТУРНОВО – ПЕЛИСТЕР 1-0, ЕУРОМИЛК – НАПРЕДОК 4-1, МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР 2-1.
Табела: Работнички 59, Х.Турново 57, Металург 56, Вардар 52, Шкендија 51, Пелистер 51, Брегалница 42, Ренова 40, Еуромилк ГЛ 38, Македонија ЃП 32, Напредок 14, Гостивар 14.