Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНДП го отвори првиот Инфо клуб во рамки на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Клубот е отворен со цел студентите поблиску да се запознаат и точно и навремено да се информираат за сите активни мерки за вработување и самовработување што ги спроведува Владата.
„ Инфо клубот ќе биде дом за сите млади кои ќе можат да добијат навремена и релевантна информација за можностите за вработување и самовработување. Ќе продолжиме со оваа активност и со отворање на повеќе вакви Инфо клубови на универзитетите на Тетово, Битола и Штип со цел да ги опфатиме и младите од овие градови и тие да можат да добијат релевантни информации“, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов пред денешната промоција на првиот Инфо клуб.