Русија ќе се повлече од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty), склучен со САД кои ја обвинуваат дека го прекршила овој договор склучен во ерата на Студената војна, по истиот потег кој во петокот го најави Вашингтон, а Москва обвини дека американската страна почнала да ги произведува забраентите ракети уште пред две години.
„Американските партнери прогласија повлекување од договорот, оттаму и ние се повлекуваме“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.
„САД утре ќе ги укинат своите обврски од договорот INF и ќе го започнат повлекувањето од договорот што ќе биде завршено во рок од шест месеци, освен доколку Русија не ги испочитува своите обврски и не ги уништи сите ракети, лансери и опрема која ја крши спогодбата“, соопшти во петокот американскиот претседател Доналд Трамп во писмена изјава. Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео рече дека Вашингтон е подготвен да ги продолжи разговорите со Москва за разоружувањето.
Путин во саботата, пак, истакна дека Русија ќе започне активности на развој на нови проектили, вклучително и на хиперсоничните, а на министрите им порача со Вашингтон да не започнуваат разговори за разоружувањето. Потцртал, пак, дека сите руски предлози за раоружувањето „остануваат на масата“, но побарал преговорите со САД да не бидат иницирани „додека не созреат условите“ да се одржи „рамноправен и значаен“ дијалог со Москва.
Претседатлот нагласил дека Русија, како и САД, ќе бидат ангажирани во развојот на новото оружје и се согласил со предлогот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да започнат работи за користење на лансери за ракетите „Калибар“ наменети за поморските сили во изменета варијанта за вооружување на копнените сили, како и да се произведуваат компнени системи со надзвучни балистички проектили со среден и кус дострел.
Путин притоа истакнал дека Русија нема да влегува во трка во вооружувањето, а Шојгу најавил дека следните денови ќе предложи буџетски ребаланс кој ќе овозможи овие активности да се извршат во рамките на буџетот предви ден за оваа година, пренесува агенцијата РИА.
Москва тврди дека САД веќе две години работат на забранетите проектили
Вашингтон две години пред да ја обвини Русија за кршење на договорот INF, започнал со подготовки за производство проектили кои се сабранети со споменатиот договор, соопштија во саботата од руското Министерство за одбрана.
Според сознанијата на министерството, од јуни 2017 година американската воено-индустриска корпорација „Raytheon“, во градот тусон во сојузната држава Аризона, започнача програма за проширување и модернизација на производствените капацитети за изработка на проектили со среден и кус дострел.
Во текот на изминатите две години, областа на која се простира споменатата фабрика е зголемена за 44 отсто, од 55 на 79 илјади квадратни метри, а бројот на вработените на речиси две илјади, се вели во извештајот подготвен за медиумите на брифингот на руското министерство за одбрана.
Покрај тоа, како што обвинува официјална Москва, во ноември 2017 година, речиси истовремено со почетокот на проширувањето на капацитетит на фабриката во Тусон, американскиот Конгрес ја доделил првата транша од 58 милиони долари на Пентагон, директно наведувајќи „За развој на копнена ракета со среден дострел“.
„Карактерот и роковите на спроведените активности неоспорно укажуваат на тоа дека американската администрација донела одлука да се повлече од договорот INF веќе неколку години пред да бидат објавени недокажаните обвиненија против Русија за наводно кршење на договорот“, се вели во извештајот на руското министерство за одбрана.
Како дојде до престанокот на INF и заканата за Европа
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ланскиот 20-ти октомври најави дека САД предвидуваат излегување од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев. Договорот INF беше потпишан на 8-ми декември 1987 година, а стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година. Со него се опфатени распоредените и нераспоредените проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри.
Како причина за одлуката Вашингтон го истакнува наводното руско кршење на договорот, што Мосвка го отфрла и за истото ја обвинува американската страна, предупредувајќи оти изгледа дека САД се подготвуваат за војна.
Загриженоста на американските сојузници во Европа поради одлуката на Вашингтон, ја подгреа и изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дадена кон крајот на октомври 2018-та, во којашто предупреди дека американското повлекување од договорите за разоружувања, како што е договорот за поседување нуклеарно оружје со среден и кус дострел, ќе доведе до трка во вооружувањето и до извонредно опасна ситуација, и ги предупреди европските земји дека може да станат цел доколку на своја територија разместата американски стратешки проектили.
Рускиот претседател тогаш предупреди дека „главното прашање е што САД ќе сторат доколку се повлечат“ од договорот INF. „Доколку разместат ракети во Европа, тогаш мораме да одговориме на ист начин“, порача Путин.