Грчките анархисти од групацијата „Рубикон“ го заземале објектот на грчко-турската стопанска комора во грчката престолнина Атина, објави порталот на анархистичкото движење.
Акцијата била изведена во знак на солидарност со Курдите, кои бараат да се запре изолацијата на нивниот историски лидер Абдула Оџалан, кој од 1999 година е во доживотен затвор крај Истанбул. Во соопштението е наведено дека Курдите, кои имаат канцеларија во Атина, исто така, учествувале во акцијата.
„Солидарност со Курдите кои штрајкуваат со глад барајќи крај на изолацијата на Оџалан“, се истакнува во соопштението на групата.
Претходно во неделата попладнето припадници на истото анархистичко движење историја боја врз италијанската амбасада во Атина, кога објавија дека акцијата била спроведени во знак на „солидарност со италијанските другари кои се угнетени од италијанската држава“.
Анархистите од „Рубикон“, движење кое се појави во 2009 година на бранот еконмската криза во Грција, и оттогаш имаат изведено стотина напади врз разни организации, министерства, амбасади и претставништвата на странските компании и ораганизации.