Ниту еден од поранешните соиграчи од Реал Мадрид не му честиташе роденден на Кристијано Роналдо. Португалецот не доби честитка од ниеден играч на кралскиот клуб на социјалните мрежи.
Ѕвездата на Јувентус вчера (5-ти февруари) наполни 34 години.
Дури и големиот пријател на Роналдо – Марсело заборави да му честита, пишува Кадена СЕР.
Поранешниот тренер на Роналдо во Реал Мадрид – Карло Анчелоти пак се сети на роденденот на фудбалерот и му упати поздрави преку твитер.
Единствено Ашраф Хаким, кој во моментов настапува како позајмен играч во Борусија Дортмунд, но е во сопственост на Реал Мадрид, му посака „среќен роденден“ на Кристијано.
🎉 Happy 34th birthday today to the one and only, @Cristiano! 🔥🎂⚪️⚫️
➡️ https://t.co/kx3x2NY5SU #CR7JUVE #ForzaJuve pic.twitter.com/1Fis1CrTAm
— JuventusFC (@juventusfcen) February 4, 2019