Русија е отворена за предлози од САД за нов нуклеарен договор

Русија е подготвена да разгледа нови предлози од САД со цел досегашниот нуклеарен договор од периодот на Студената војна, од кој се повлече прво Вашингтон а Москва одговори идентично, да се замени со поширок договор кој би вклучувал повеќе земји, изјави во четвртокот заменикот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Русија во текот на викендот објави дека излегува од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty), откако минатиот петок САД дефинитивно порача дека се повлекуваат од договорот давајќи ѝ на Москва ултиматум шест месеци да престане со наводните кршења на договорот. Руската страна притоа документираше дека Вашингтон уште во 2017 година започнале со проширување на капацитетите и планирани буџетски средства за развој на проектили со среден дострел.

Договорот склучен во 1987 година им забранува на двете суперсили поседување проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри, но им остава слобода на другите земји да ги произведуваат и разместуваат.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата седмица рече дека би сакал да се одржат преговиоте со цел да се склучи нов договор за контрола на ваквото оружје, кој ќе ја вклучува во прв ред Кина.

„Ние секако видовме алудирања во изјаваа на претседателот Трамп за можност за нов договор (…) кој, исто така, би вклучувал други земји како учеснички. Нестрпливо исчекуваме тој предлог да биде конркретизинар со ставање на хартија или на некој друг начин“, рече Рјабков на прес-конференција во Москва и додаде дека американската страна досега на руската не ѝ доставила никаков предлог за нов договор.