Јувентус не сака ни да чуе за Игуаин

Тимот кој стопроцентно ги поседува фудбалските права на Гонзало Игуаин – Јувентус, нема никаква желба да го врати аргентинскиот фудбалер во Торино. Игуаин, кој игра на позајмица во Челзи, постигна два гола во дресот на лондонскиот клуб, но беше оставен на клупата за време на мечот во Купот, во неделата, кога лондончани беа поразени на пенали од Манчестер Сити.

Италијанските медиуми тврдат дека Игуаин нема да биде прифатен назад во Јувентус, а Челзи има можност да го задржи во тимот, откако ќе му заврши позајмицата. „Сините” се согласија на клаузула од 31,5 милиони фунти да го купат Игуаин по завршувањето на сезоната, но пак ќе имаат прилив од 16 милиони фунти, доколку екипата на Маурицио Сари уште една година го остави за позајмување. Информациите од Англија се дека Челзи внимателно ги следи настапите на Игуаин и токму неговите прикажани способности ќе бидат клучни дали ќе продолжи да живее во Лондон.
Надежите на Јувентус се дека англискиот тим ќе се согласи Игуаин да продолжи да игра кај нив, бидејќи од другата сезона буџетот за надоместоци во Торино ќе биде сериозно оштетен. Шампионот на „Серија А“ му плаќа 28 милиони фунти по сезона на Кристијано Роналдо, а за Арон Ремзи ќе се издвојуваат по 400 илјади фунти неделно. Платата на Игуаин пак е 300 илјади фунти неделно.